ПЗУ Стоматолошка Ординација „Д-р Сашо Стоев“
Приватната здравствена установа , Стоматолошка Ординација „Д-р Сашо Стоев“ започна со работа на 11.06.2006 година во Охрид . Oснована e од Д-р Сашо Стоев , доктор на стоматологија, дипломиран на Стоматолошки Факултет “св. Пантелејмон” во Скопје во 2004 година. Континуираното зголемување на бројот на задоволни пациенти во нашата ординација , спонтано ја наложи потребата оваа успешно започната приказна постепено да го зголемува тимот на доктори.
Мисија , Визија и Цели на нашето работење
Со нашата посветеност, стручност и ентузијазам , во пријатна , современа и релаксирана работна атмосфера , секојдневно докажуваме дека посетата на стоматолг не треба и не смее да биде трауматично искуство. Подигнувањето на свеста за важноста на оралното здравје е нешто за кое секојдневно се бориме. Токму затоа , горди сме и се радуваме на секоја нова здрава насмевка која сме ја створиле.
Работиме исклучиво со најквалитетни материјали во пријатна и хигиенски чиста работна средина.
Наша примарна цел е укажување и едуцирање за важноста на превентивата при одржување на оптимално здравје на забите. Затоа најголем акцент ставаме на превенцијата при одржувањето на здравите заби кај Вас и Вашето семејство.Оттука , секогаш сме подготвени да Ви дадеме совети како најдобро да ја одржувате оралната хигиена со тоа , грижејќи се не само за Вашата естетски добра насмевка, туку и за Вашето општо зравје . Со цел постојано стручно усовршување , нашиот тим доктори постојано е дел од различни предавања и семинари од сите области на стоматологијата , следејќи ги најновите светски трендови.
Горди сме што успеавме да создадеме пријатна и топла работна атмосфера исполнета со позитивна енергија која значително ќе ја намали напнатоста која обично ја имаат пациентите при посета на стоматолог.
Преку нашата неуморна посветеност, едукација , укажано внимание и почит кон секој наш пациент , секојдневно ја оправдуваме Вашата доверба и почитување. Ценејќи го Вашето време , ќе направиме се да Ви обезбедиме термин кој Вам Ви одговара.