11 години Стоматолошка Ординација „Д-р Сашо Стоев“



По повод 11-тиот роденден Стоматолошка Ординација „Д-р Сашо Стоев“ објави фото конкурс на тема „Најубава насмевка“. Победничката фотографија беше наградена со фото сесија и печатена слика на канвас платно направени во соработка со нашите пријатели и соработници "Love&Life Studio" , продарок рачно изработена чаша уникатно нацртана од „ТиноСки“ , Smile украсна перница и пакет промотивни подароци од „Лакалут“ . Роденденските свеќички ги дувнавме во нашата ординација заедно со учесниците на конкурсот. Сите учесници на фото конкурсот добија ѕиден календар со нивните фотографии со кои учествуваа на конкурсот.