Гостување на детскиот фестивал „Поточиња“ во Охрид



За прв пат од своето постоење , детскиот фестивал „Поточиња“ гостуваше во Охрид. Стоматолошка Ординација „Д-р Сашо Стоев“ беше поддржувач и помагател на настанот со цел дечињата од градинките и основните училишта во градов да имаат можност да уживаат во хитовите од овој реномиран фестивал. На наше големо задоволство фестивалот го посетија околу 800 дечиња, а и овој пат наш поддржувач беше „Лакалут“ со кои обезбедивме пригодни подароци за секое дете.