Едукативна посета на „Јахја Кемал Колеџ“ - Струга 2017



Во 2017 година Стоматолошка Ординација „Д-р Сашо Стоев“два пати гостуваше во „Јахја Кемал Колеџ“ - Струга каде на дечињата им одржавме едукативни предавања како правилно да се грижат за своето орално здравје. Настаните беа збогатени со присуството на нашата маскота, запчето Запко, со едукативни анимирани приказни изготвени специјално за овие посети , а традиционално настанот беше поддржан и од нашиот пријател „Лакалут“ кој за дечињата обезбеди пригодни подароци и едукативни флаери . Благодарност до „Јахја Кемал Колеџ“ - Струга за поканите и покажаната грижа за оралното здравје на нивните ученици како и до „Лакалут’“ за безрезервната поддршка на секој наш настан.