03.06.2016 - 10 години стоматолошка ординација „Д-р Сашо Стоев“



На 03.06.2016 стоматолошка ординација „Д-р Сашо Стоев“ прослави 10 години успешна работа. На јубилејната прослава која се одржа во хотел Милениум Палас –Охрид присуствуваа околу 150 гости ; пријатели , соработници , колеги и претставници на медиумите. Сите нив ги поздрави Д-р Стоев и им се заблагодари за коректната соработка низ годините наназад , а се заблагодари и на сите пациенти кои со својата лојалност придонесоа оваа успешно започната дентална приказна да прерасне во препознатлив охридски стоматолошки бренд. Ова , како што истакна Д-р Стоев , е огромен мотив , приказната да биде уште поуспешна во годините кои следат, а сето тоа се постигнува со врвна професионалност и квалитет во услугите кои ги нудат , а кои пациентите знаат да ги препознаат.

На настанот беа доделени наградите од ликовниот конкурс „Насмеано запче“. Изненадување за славениците беше видео поздравот од Канада од страна на ликовниот уметник Мајкл Клос , кој поради професионални обврски не можеше лично да присуствува на настанот , па за неговото дело и соработката со стоматолошка ординација „Д-р Сашо Стоев“ зборуваше новинарот Милчо Јованоски . На роденденската забава за прв пат беше промовирана и песната „Насмевни се“ (Smile) , која ја испеа Боби Мојсоски кој беше присутен заедно со останатите кои беа дел од креирањето на песната : Мартин Милески ( музика ) , Марија Филева Стоев ( текст) , Димче Китрозоски ( аранжман).

Повеќе на: http://www.ohridnews.com/vesti/97200