25-ти, 26-ти и 27.04.2016 Едукативни предавања и совети за грижа за оралното здравје одржани во охридските градинки



Стоматолошка ординација Д-р Сашо Стоев во соработка со детските градинки во Охрид во периодот од 25.04-27.04.2016 одржа едукативни предавања на кои дечињата можеа да добијат стручни совети како правилно да се грижат за своите запчиња. Со цел предавањата да бидат што поинтересни, докторите од стоматолошката ординација за секое детенце изготвија подарок боенка , насловена како „Насмеана боенка“ , како и видео сликовница со наслов „Книга за здрави навики“ во која преку анимации нараторот објаснува како правилно да се грижат за оралното , но и генерално за своето здравје во целост. Децата од секоја градинка имаа изработено цртежи кои учествуваа на ликовен конкурст на тема „Насмеано запче“ , а најубавите цртежи ќе бидат наградени на 10-тиот роденден кој ординацијата ќе го прослави во месец Јуни.

Повеќе на: http://www.ohridnews.com/vesti/96118