По повод 20-ти Март , Светскиот ден на оралното здравје , Стоматолошка Ординација ,,Д-р Сашо Стоев“ организира едукативна работилница на која учествуваа дечината од основното училиште ,,Јахја Кемал “ од Струга. Соработката помеѓу овие две институции е веќе традиционална , а потекна од нивната желба да се едуцираат децата од најмала возраст за важноста на грижата за оралното здравје од најмали нозе.