Др. Кристина И. Стојаноска Алоска

Др. Кристина И. Стојаноска Алоска

Др. Кристина И. Стојаноска Алоска е родена во Охрид, 1984 година. Средно образование завршува во родниот крај, во гимназијата „Св. Климент Охридски“, природно- математичка насока, во 2003година. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2008 година. Со работна лиценца за доктор по стоматологија се стекнува по положување на државниот испит во 2009 година. Учествувала на повеќе конгреси, семинари и работни курсеви од областа на стоматологијата. Автор е на брошурите „Грижа за забите“ и „Насмевка без кариес“ во издание на Општинската организација „Црвен крст“ од Охрид.

Стоматолошката дејност ја практикува како доктор по општа стоматологија во ПЗУ„Др. Сашо Стоев“ во Охрид.