Дентален туризам

Нашата ординација делува на промовирање на Охрид како туристички центар , успешно афирмирајќи го како одличен избор за развој на денталниот туризам.

Свесни сме дека е потребна доза на храброст да донесете одлука Вашата доверба за грижа за оралното здравје да му ја подарите на лекар од друга земја , а притоа да очекувате таа посета да биде пријатна. Затоа, тимот на нашата ординација ќе се потруди да имате позитивно искуство и Вашата посета да Ви остане во убаво сеќавање . Соработката најчесто ја започнуваме преку е-маил контакт со анализа на снимките кои би ни ги пратиле. На основа на тоа би биле во можност да направиме ориенатациона проценка на состојбата на Вашите заби како и да Ви дадеме неколку предлози за тоа што би било најдобро да се работи , а тоа да е адекватно на Вашите можности. По потврдата за Вашето доаѓање и букирање на Вашите термини за работа , нашата комплетната грижа за Вас започнува по Вашето пристигнување во Охрид , каде ќе бидете пречекани и сместени во сместувањето кое сме го обезбедиле за Вас. На нашите пациенти им обезбедуваме сместување во неколку прекрасни апартмани во центарот на градот , за онолку денови колку се потребни за завршување на интервенцијата.Сите интервенции ќе се потрудиме да ги завршиме во најкраток можен рок и затоа е важно навремено да го утврдиме Вашето доаѓање , како би можеле правилно да го распоредиме времето за работа . По завршниот третман , доклку имате интерес и време, како добри домаќини ќе ни претставува задоволство да Ви покажеме дел од убавините на нашиот Охрид и да се уверите зошто нашиот град со право го носи епитетот балкански бисер.

Сместувачки капацитети со кои соработуваме: Jovanovic Guest House