Michael Close



10 годишниот јубилеј од своето постоење , Стоматолошка Ординација „Д-р Сашо Стоев“ има чест да го одбележи заеднички со реномираниот канадски уметник со македонско потекло , г-дин Мајкл Клос.

“Од нашите професионални контакти со Г-динот Клос , како наш пациент се разви искрено пријателство . Преку многубројните средби , секој од нас со посебна љубов говорејќи за својата професија , заклучивме дека меѓудругото уметноста е онаа која несомнено прави уште една алка во нашето пријателство , тој како врвен уметник во сликарството , а ние како уметници во стоматологијата. Делејќи го мислењето дека и насмевката е уметност исто така , се роди идејата Г-дин Мајкл Клос да стане заштитно лице на нашата ординација, под слоганот „Smile is an art too!“

Ни претставува особена чест и задоволство што амбиентот во нашата ординација е збогатен со неговите уметнички дела кои го направија уште поубав , а подарувајќи ни слики кои ги нацрта специјално за нас , само ја збогати оригиналноста во нашата приказна.

Michael Close е сликар со македоснко потекло роден во Канада. По завршувањето на Ontario College of Art, едно од најстарите и најпознати сликарски образовни институции во Канада, своето школување го продолжува на Guelph I Ryerson Politecnical Institut for Design. Сликарството е негова главна преокупација, но исто така долги години работи како дизајнер и сценограф на филм.

Досега има реализирано повеќе од 125 самостојни изложби во многу земји во светот (Македонија, Белгија , Франција, САД , Германија, Полска , Соломонските Острови, Авсрталија, Шведска, Виетнам, Турција, Египет и др. Со тоа семејството Клос ја продолжува својата мисија преку сликарството да ги поврзува народите од целиот свет, без разлика на нивната вера , религија или боја на кожа. Негова најголема животна поддршка се сопругата Менка Клос – историчар на уметност и организатор на интернационалните проекти, исто така по потекло од Охрид и ќерките Александра и Мелани.


Мајкл Клос за соработката со Стоматолошка Ординација „Д-р Сашо Стоев“


Уметноста и стоматологијата имаат заедничка цел, да ги направат луѓето среќни. Тоа се покажа при една од нашите посети на Македонија, конкретно во Охрид, каде имавме среќа да ја посетиме Стоматолошката Ординација „Д-р Сашо Стоев“. Првите впечатоци беа многу импресивни – прекрасен модерен амбиент со пријатни бои, а највпечатлив беше односот на Д-р Сашо Стоев кој не пречека со исклучителна срдечност, хумор и со отворено срце, а стоматолошките услуги за кои бевме отидени со семејството ги изврши максимално професионално. При една од нашите следни посети се запознавме исто така и со неговата сопруга Марија, а од сите наредни меѓусебни видувања се роди искрено пријателство проткаено со низа дискусии за Охрид, за стоматологијата, за уметноста и уште многу работи кои не поврзуваат. Заедничката љубов кон сликарството, што јасно се отсликува и од амбиентот во ординацијата, универзалните вредности на Сашо и Марија, сето тоа надополнето со нивната професионалност во она што го работат, беа само импулс плус да се поттикне желбата нашето пријателство да се зајакне и истакне и на поле на меѓусебна соработка. Така на заедничко задоволство ние станавме заштитно лице на Стоматолошка Ординација „Д-р Сашо Стоев“, а амбиентот на ординацијата е разубавен со дела препознатливи за Мајкл Клос како ликовен уметник.